Известување за промена на цени на годишните лиценци
- Детали
- Објавено: Четврток, 02 Декември 2021 08:54
Почитувани корисници,
изминатите две години беа особено тешки за сите, но пред се за здравствените работници. COVID пандемијата која сеуште трае длабоко се одрази во сите сфери на животот и работата и наметна неминовна потреба од адаптација на досега воспоставените процеси и практики на функционирање.
Иако минатата година успеавме да ги задржиме постоечките цени и покрај ударот на пандемијата, за жал оваа година принудени сме да направиме извесни корекции во цените на услугите, со цел во периодот што предстои да можеме да одговориме на барањата и да го задржиме нивото на квалитетот на услугите кои ги пружаме, при тоа водејќи сметка истите да бидат минимални и да не претставуваат финансиско оптоварување за Вас.
Условите и цените за користење на Prima DENT за 2022 година се достапни на овој линк.
Се надеваме дека за оваа одлука ќе наидеме на разбирање кај Вас и понатаму ќе останеме доверливи партнери и ќе ја продолжиме плодната соработка и во наредниот период.
Срдечен поздрав,
Prima DENT team