Нова верзија од Prima DENT v2.7.4 за стоматолози
- Детали
- Објавено: Вторник, 27 Јануари 2015 10:41
Почитувани корисници,
достапна е за преземање новата верзија од софтверот Prima DENT, во која се реализирани неколку измени и корекции при што аклцентот е ставен на следните нешта:
- Измена во начинот на евидентирање на боледувањата за матични лекари (препорачуваме задолжително да го погледнете упатството)
- Имплементација на поддршка за новите типови на фискални уреди со GPRS (важно за ординациите кои печатат фискални сметки преку Prima DENT, потребно е да се јават во Кодекс за конфигурирање на уредите)
- Означување на примарна дијагноза за прегледот (битно за користењето на електронски дневник)
- Имплементација на безбедносен протокол за комуникација со сервисите од Мој Термин
- Помали корекции кај други функционалности
НАПОМЕНА! Во изминатиот период на користење на електронскиот дневник беа увидени одредени недостатоци во начинот на кој се користи софтверот што предизвикуваа проблеми при испраќањето на дневната евиденција кон МЗ, па во тој контекст на линкот подоле можете да погледнете неколку насоки за правилно користење на софтверот со цел да се избегнат овие проблеми.
Насоки за правилно користење на софтверот при реализација на Електронски Дневник
Комплетната листа со измени можете да ги погледнете на линкот подоле, а верзијата е важечка за сите дејности.
Листа на измени и корекции во новата верзија
Преземи Prima DENT v 2.7.4 (offline верзија)
Преземи упатство за инсталација